Наградна игра: награди од над 8.000 денари, гласај и освоиУчествувај
За трговци

Примај пари за секунди, без кеш.

За продавници, ресторани, кафулиња, бензински пумпи, перални за коли, автомати и онлајн продавници.

Што добиваш

Помалку работа, повеќе контрола.

Пари веднаш

Парите стигнуваат на твојата сметка за неколку секунди, не за неколку дена.

Помалку кеш

Помалку броење, носење во банка и ризик од губење или кражба.

Преглед на секое плаќање

По каса, по машина, по ден. Знаеш колку заработи и пред да ја затвориш касата.

Касиерот не проверува

Нема кусур, нема гледање во телефон дали стигнале парите.

Машините наплаќаат сами

Перални, автомати и пумпи примаат плаќање 24 часа, без ситни пари.

Без посебен уред

Доволен е таблет до касата. Купувачот го користи телефонот што веќе го има.

Каде

Секаде каде се плаќа.

  • Продавници и маркети
  • Ресторани и кафулиња
  • Бензински пумпи
  • Перални за коли и самопослужни перални
  • Продажни автомати
  • Онлајн продавници
Цени

Планирани цени.

Месечна претплата, без процент од твоите пари. Банката си ја наплаќа својата провизија за плаќањето. Точните цени ги утврдуваме заедно со првите трговци.

Таблет до касата

0 денари за поставување

Основното поставување со таблет е бесплатно.

Претплата по каса

1.500 до 5.000 денари месечно

Според бројот на плаќања. Првите пет трговци добиваат еден месец бесплатно.

Самопослужни машини

1.500 денари месечно по машина

Еднократно 6.000 денари за инсталација.

Поврзување на касата директно со КЕШМАТ: еднократно, планирано од 6.000 до 20.000 денари.

Пробај го

Сакаш да бидеш меѓу првите?

Бараме неколку продавници, кафулиња и перални во Битола што би го пробале КЕШМАТ кога ќе биде готов. Јави се или пиши на Viber.

Секој глас нè носи поблиску до финалето.

Гласањето на „Средношколец милионер“ трае до 24 ноември. Трае десет секунди, а за нас значи многу.

Гласај за КЕШМАТ