Прашања и одговори.
Најчестите прашања за КЕШМАТ, искрено одговорени.
Дали парите минуваат преку КЕШМАТ?
Никогаш. Парите одат од банката на купувачот до банката на трговецот, преку TIPS Clone или КИБС. Ние добиваме само порака дека е платено и ѝ јавуваме на касата.
Дали ви треба дозвола од Народната банка?
Бидејќи не држиме туѓи пари, очекуваме да не ни треба, но тоа го проверуваме. Ако сепак треба, ќе работиме преку партнер што има дозвола, банка или процесор на плаќања.
Што ако банките не сакаат да ви јавуваат за плаќањата?
Почнуваме со една банка што сака да соработува. Ако инстант плаќањата доцнат, системот почнува со картички преку процесор, а QR се додава подоцна.
Што ако нема заеднички стандард за QR?
Ние само го пишуваме кодот, па се прилагодуваме на кој било стандард. Се надеваме дека Народната банка ќе донесе заеднички, како во Србија.
Може ли некој да залепи лажен QR?
Не. Нашиот QR е на екран и е нов за секое плаќање. Купувачот пред да потврди го гледа името на продавницата и износот.
Како се издава фискалната сметка?
Ја издава касата, како и досега. На почеток касиерот ја затвора сметката како безготовинско плаќање, а кога касата ќе се поврзе со КЕШМАТ, тоа станува автоматски.
Може ли да скенирам со обичната камера?
Најверојатно се скенира од апликацијата на твојата банка, за таа веднаш да ги пополни податоците. Дали ќе работи и со камера зависи од стандардот на Народната банка.
Може ли да пратам пари на другар?
Тоа го прават банките во своите апликации. КЕШМАТ е само за трговци: каси, машини и онлајн продавници.
Што е разликата меѓу TIPS Clone и КИБС?
TIPS Clone е системот на Народната банка, поврзан со регионот и подоцна со евра. КИБС Инстант е домашен систем, само во денари. КЕШМАТ работи со двата.
Колку чини за трговецот?
Планирано: месечна претплата од 1.500 до 5.000 денари по каса, основно поставување со таблет бесплатно, без процент од плаќањата. Точните цени ги утврдуваме со првите трговци.
Секој глас нè носи поблиску до финалето.
Гласањето на „Средношколец милионер“ трае до 24 ноември. Трае десет секунди, а за нас значи многу.