Од касата до „Платено“ за неколку секунди.
Пет едноставни чекори. Банката ги носи парите, а КЕШМАТ се грижи касата или машината да знае дека е платено.
Касата го пресметува износот
Касиерот ги скенира производите, како и секој ден, и кликнува „плати со QR“.
КЕШМАТ прави QR код
Со точниот износ и посебна ознака, само за ова плаќање, на таблет до касата.
Купувачот скенира
Од апликацијата на својата банка, која и да е. Не куца ништо, само потврдува.
Парите одат кај трговецот
Инстант, преку системот на Народната банка, директно на неговата сметка.
Таблетот покажува „Платено“
Банката ни јавува, ние ѝ јавуваме на касата. Сметката излегува.
Погледни го на каса.
Една минута: касиерот ги скенира производите, внесува износ на таблетот, купувачката плаќа од својата банка, а сметката излегува со сите производи и „безготовинско“.
Почнуваме едноставно.
Фаза 1: таблет до касата
Касиерот го внесува износот на таблетот, купувачот плаќа, таблетот покажува „Платено“, а касиерот ја затвора сметката како безготовинско плаќање. Работи кај секоја продавница, без поврзување со касата.
Фаза 2: поврзана каса
Касата сама го праќа износот до КЕШМАТ и сама ја печати фискалната сметка кога ќе стигне потврдата. Нема куцање, нема проверување. За ова соработуваме со фирмите што прават софтвер за каси.
Зошто е сигурно.
Нов QR за секое плаќање
Кодот е на екран и се менува секој пат, со точен износ. Не може да се залепи лажна налепница.
Купувачот гледа кому плаќа
Пред да потврди, апликацијата на неговата банка го покажува името на продавницата и износот.
Парите се кај банките
КЕШМАТ не држи ничии пари и не чува податоци од картички. Плаќањето го прави банката.
Секој глас нè носи поблиску до финалето.
Гласањето на „Средношколец милионер“ трае до 24 ноември. Трае десет секунди, а за нас значи многу.