Вие ги градите патиштата. Ние ви ги носиме трговците.
КЕШМАТ го прави делот што банките го немаат: да ги поврзе инстант плаќањата со касите и машините на трговците.
Партнер, не конкурент.
Повеќе инстант плаќања
Банките вложуваат во инстант плаќањата. Тие се исплаќаат кога има многу плаќања, а продавниците и машините се местото каде луѓето плаќаат секој ден.
Нови трговци
Особено мали продавници и самопослужни машини што досега работеле само со кеш, и од чии плаќања банката не заработувала.
Помали трошоци околу кешот
Банкомати, пренос, броење и чување на готовина. Секое плаќање преку сметка е помалку кеш во системот.
Без градење за секоја каса
Секоја каса и машина е различна. Ние го правиме тој дел, а банката го прави она што најдобро го знае: плаќањето.
Работиме со двата.
Потврдата за плаќањето ја добиваме од банката на трговецот, без разлика дали парите дошле преку TIPS Clone на Народната банка или преку КИБС Инстант. Трговецот не мора да размислува за тоа.
- TIPS Clone: официјален систем на Народната банка, поврзан со регионот, подоцна и евра.
- КИБС Инстант: домашен систем за инстант плаќања во денари.
- Ако инстант плаќањата доцнат, почнуваме со картички преку процесор.
Да разговараме.
Ако сте банка или процесор на плаќања и ве интересира пилот со трговци во Битола, јавете ни се.